Затрупување на правдата

Целиот свет ја следеше судбината на 33-ата чилеански рудари кои во 2010-та цели два месеца беа закопани под земја за конечно да бидат спасени и дочекани како херои. Неколку години подоцна, им доаѓа пак да се закопаат.

"Сакам да ископам уште поголема дупка, да се скријам во неа и овојпат никој да не ме најде," изјави еден од рударите откако чилеанскиот суд реши да не подигне обвиненија против сопствениците на рудникот во кој се случи несреќата.

По двомесечна голгота, тие беа пречекани на површината на земјата како херои со публицитет од светски размери. Потоа беа почастени со туристичко патување во Грција, можеа да го видат стадионот на Реал Мадрид а парадираа и во Дизниленд.

Но, бајката заврши откако се вратија дома и започнаа долга битка за правдата. По тригодишна истрага, надлежните решија дека не постојат виновници за несреќата.

"Не е можно за толкав инцидент никој да не е крив", разочарано изјави еден од руадрите.

Во 2010-та година, во рудник на бакар и злато попуштија сводовите и се урнисаа врз рударите за кои цели две недели никој не знаеше дека се преживеани. Подоцна до нив се ископа интервентна дупка за да им се доставува храна и вода додека се направи коридор за спасување. По цели два месеца минати во утробата на земјата, еден по еден беа спасувани со капсула кој минуваше 600 метри длабоко во земјата.

Во меѓувреме, некои од нив се оддале на алкохол и дроги, други имаат сериозни псичики последици од голготата а тешко можат да се вработат во други рудници бидејќи газдите знаат дека овие имаат конекција со новинарите па брзо ќе се дознае за било каква неправилност што се случува во нивните рудници.

 

2 август 2013 - 12:03