Најверојатната „инспирација“ зад овој потег е неодамнешниот бараж од статии околу безбедноста на работно место во Тесла и покривањето на инцидентот во кој еден од нивните автомобили ставен на самоуправување прегази и усмрти жена.
По сето ова Маск пред неколку дена на Твитер пишува:
„И ова е многу поучно, откривајќи не само како Маск размислува за новинарството, туку и општо ставот на Силициумската долина дури и кон минимално влијание.
Иако Маск некои го сметаат за гениј кој се раѓа еднаш во генерација, неговото погрешно разбирање за начинот на кој новинарството работи е општо раширено. Маск, како и многумина, го гледаат новинарството како корумпирано. Тој верува дека покривањето вести е директно поврзано со пазарниот притисок и дека новинските медиуми се попристрасни кон компаниите кои закупуваат реклами кај нив.
Како што Нејт Силвер твитна во средата, неговата игнорантност веројатно може да се излечи ако мине половина ден разговарајќи со новинари и уредници за тоа што тие всушност работат,“ пишува Алекс Шепард во Њу рипаблик.
Новата компанија е именувана по официјалниот весник на Комунистичката партија на СССР, и треба да создаде краудсорс решение за проблемот со „лошото новинарство“ така што нејзините корисници ќе можат да ги оценуваат вестите и медиумите по основа на тоа колку може да им се верува.
„Маните на системот одма се очигледни имајќи ја предвид пристрасноста на публиката што следи вести која веќе се води по сосема поинакви стандарди за тоа што го прави еден медиум веродостоен.
Маск на неговата Твитер сметка пушти анкета во која прашува дали треба или не да ја почне 'Правда', и како што може да се очекува: 88 проценти од гласачите рекоа дека треба. Дали е ова репрезентативен резултат? Не, тој ја одразува пристрасноста на неговите симпатизери. Сега замисли Маск да ги прашуваше своите читатели за климатски промени или сексуално малтретирање или голем број други жешки теми,“ објаснува Шепард.
Однесувањето на Маск е во согласност со размислувањето во Силициумската долина кое предвидува дека „ако Американците ги имаат вистинските алатки, тие ќе се сплотат и ќе ги истуркаат идеите кои во основа се во согласност со политиката на (мноштвото) богови од Силициумската долина, кои се либерално наклонети на општествени теми, ама се многу стегнати околу регулација, работнички права и редистрибуција на приходите. Нема докази дека тоа така и ќе се случи.“
„Што го започна овој бран? По години наклонети медиуми, технолошките компании сега почнаа да добиваат тешки прашања, за прв пат по пукањето на дот-ком балонот од почетокот на 2000-те.
Не изненадува тоа што Маск не сака да одговара на прашања за работните услови или за начинот на кој управува со компаниите. Меѓутоа токму ова е функцијата на слободниот печат. Маск намуртено претпоставува дека прашањата што му се поставени не се затоа што раководи со фабрики во кои работници се повредуваат на работно место или затоа што на неговиот бизнис со автомобили можеби му е потребна комплетна реорганизација, туку затоа што не купува доволно реклами во Њујорк тајмс,“ пишува Шепард.
Наместо Правда и слични проекти, Шепард на Маск како пример му го дава Џеф Безос и Вашингтон пост, кој откако е купен од сопственикот на Амазон објавува доста „добро и квалитетно новинарство.“ Притоа, ваквата работа на Пост знае да биде и на штета на Безос, бидејќи Амазон добива непосакувано внимание од луѓето кои весникот ги критикува, првенствено претседателот на САД.
„Милијардери кои се сопственици на весници се далеку покорисни за милијардерите отколку што се за здрава демократија. Меѓутоа јасно е дека Маск не е фокусиран на тоа луѓето да имаат подобар пристап до информации. Неговото критикување на медиумите е поврзано со фактот дека по години во кои е третиран како полубог, тој сега е третиран како човек: со мани, алчен, а можеби и корумпиран. И ова е искуство кое очигледно не му се допаѓа,“ пишува Шепард.