Адвокатот на осудениот воен злосторник од Втората Светска војна им соопшти на италијанските медиуми дека Ерик Прибке починал спокојно во дом во Рим, точно еден век откако се родил.
Прибке беше осуден во 1998-ма година за своето учество во масакрот во кој Нацистите стрелаа 335 Италијанци како одмазда за претходните акции на партизаните.
Заради возраста, на Прибке му беше дозволено казната да ја одслужува во куќен притвор што предизвика револт кај антифашистичкиот дел од населението.
Прибке бил СС офицер кој директно го организирал и набљудувал масакрот во пештерите, спроведен по директна наредба на Хитлер. Иако ја призна својата улога во злосторот, никогаш не се покаја ниту пак изрази жалење за тоа, правдајќи се дека само ги следел наредбите.
Во Италија беше екстрадиран во 1994-та година откако беше откриен во Аргентина каде што живеел како наставник.