Европа ја чека беда до смрт

Моделот на социјална држава што моментално преовладува во Европа мора да се промени и адаптира, во спротивно тој ќе биде уништен од должничката криза и мерките за штедење кои се нејзина последица.

Во заклучокот на Европската комисија за состојбата на ЕУ во 2012, се објаснува дека ако овој модел пропадне, голем број луѓе ќе паднат под линијата на сиромаштија, а некои дури ќе влезат во трајна сиромаштија од која тешко ќе се извадат до крајот на животот.

"Невработеноста достигна ниво кое не сме го имале цели две децении. Приходите на домаќинствата паѓаат, а опасноста од сиромаштијата постојано расте," изјавил европскиот комесар за социјални прашања Ласло Андор.

Според извештајот, трајна сиромаштија им заканува речиси на сите групи освен на вработените работоспособни мажи, па така како критични групи се наведни: "младите, возрасните, неактивните или невработените жени, самохраните мајки, постарите работоспособни граѓани кои престанале да работат."

Извештајот не може да најде ниту уникатен модел кој би можел да го спаси целиот континентот. Земен е примерот со Австрија, Франција и Британија каде во 2012-та голем број од луѓето паднале под границата на сиромаштија, а во исто време голем број и успеале да се извлечат од сиромаштијата.

За европските пратеници проблем е што дури и да се најде модел кој функционира (да речеме германскиот), треба да се види во чија корист тој функционира, дали (на пример) за најслабо платените работници или во корист на богатите.

15 јануари 2013 - 14:14