Ова е дел од засилените мерки на грчката полиција (делумно инспирирани од коалиционите партнери) за намалување на бројот на имигранти во земјата, чиј број се проценува на околу 10% од вкупната популација на Грција. Според одредени математики, 95% од не документираните имигранти кои влегуваат во ЕУ, пристигнуваат преку Грција.
Иако имигрантите не се појавија преку ноќ, тие до сега генерално беа толерирани бидејќи не преставуваа голем товар за социјалниот буџет на земјата. Сето ова се промени по воведувањето на мерките за штедење и доаѓањето на новата влада.
"Ако некој е сопрен на улица од полицијата и нема валидни начини за да се идентификува ние ќе го придружиме него до станица, се додека не се утврди неговиот статус," објаснуваат од атинската полиција.
Од август 2012, по оваа основа полицијата има приведено над 60.000 лица, од кои 4.200 се уапсени.
До сега има најмалку дузина случаи во кои полицијата се опуштила со туристите низ Атина, заради што Стејт Департментот на САД дури објави и предупредување до своите граѓани да не патуваат во земјата.
Минатото лето, беше случајот со Американецот со нигериско потекло, Кристиан Уквуорџи, кој додека бил на одмор во Грција, во сред Атина бил приведен и покрај тоа на полицајците што им го покажал американскиот пасош. Тој бил однесен во станица, каде што бил претепан. Се разбудил следниот ден во болница.
Минатиот мај пред атинскиот Универзитет за економија и бизнис, бил уапсен др. Шалиендра Кумар Раи, универзитетски професор од Индија, кој бил дојден како гостин предавач на Универзитетот. Професорот бил излезен на ручек и со себе го немал земено пасошот. Бидејќи немал документи за да го докаже своето потекло, тој бил построен на ѕид пред Универзитетот под сомнеж дека е имигрант Пакистанец. Кога неговите студенти го виделе професорот, тие веднаш ги алармирале неговите колеги. И покрај протестите на колегите и вработените на универзитетот кои гарантирале за него, полицијата сепак го привела професорот во станица.