Трговскиот е идеја (и е платен) од Алекс Ху Гуиронг, кој стана милијардер продавајќи нудли. Идејата е во трговскиот да се продаваат кинески производи наместо тие само да се извезуваат.
Трговскиот има 25 метри висока Триумфална капија, два километри долг канал со гондоли, како и огромен надворешен и внатрешен тобоган.
По седум години од отворањето, дел од ескалаторите во трговскиот не само што се изгасени туку се и покриени со мушама за да не фаќаат прашина, а најголемиот дел од вработените не се продавачи, туку се од обезбедувањето кое седи низ целиот трговски со задача да ги избрка евентуалните вандали.
Оној 1% од дуќаните кои се изнајмени, во најголем дел се сендвичари, чиј главен промет е од семејствата што ги носат своите деца во забавниот парк кој е дел од трговскиот.
Експертите за недвижнини тврдат дека главна причина за неуспехот на трговскиот е недостатокот на сообраќајна инфраструктура до него. Тој не е во близина на ниту една голема сообраќајна мрежа, ниту пак има аеродром во близина. На еден новинар кој пишувал за трговскиот, му биле потребни 2 и пол часа за да стигне со автобус до трговскиот, од место оддалечено само 8 километри.