Вести

Пентагон сака да прави своја ЦИА

Министерството за одбрана на САД планира да формира сопствена единица од тајни агенти кои би шпионирале строго чувани економски тајни на Кина и други земји. Оперативците би се претставувале како бизнисмени, без јавна поврзаност и заштита од американската влада. На оваа иницијатива се спротивставува ЦИА, која не сака некој друг да ѝ се меша на „нејзиниот терен“. 

Азербејџан повеќе не сака да биде „малиот брат“ на Турција

Анкара и Баку нагло го загрозија договорот за сојузништво со „братски“ меѓусебни обвинувања поради забраната за носење шамии во азербејџанските училишта. Причините за судирот ги надминуваат идеолошките рамки. Баку ги продлабочува односите со Израел и не сака повеќе да биде третиран од Анкара како „помалиот брат“.

Не е лесно да си женско во Шпанија на Педро Санчез

Педро Санчез беше златниот дечко на западните прогресивни кругови. Промовираше феминизам но во воведе закони кои ја бришат суштината на законските заштити на жената. А додека неговата влада ветуваше дека ќе се справи со проституцијата во земјата, негов министер си набави проститутка од веб платформа.  

Речник

Трамп барал да се хакира машина за гласање

Трамп упорно бара укинување на гласачките машини со кои „му била украдена победата“ на изборите во 2020 година. Лани побарал од Агенцијата за кибернетска безбедност тајно да хакира една од машините. Откако бил одбиен, отпуштил една третина од вработените во агенцијата, која самиот ја основаше заради заштита на регуларноста на изборите.

Западот страда од безнадежност

Меѓугенерациската безнадежност носи револуции. Дури и ако луѓето видат дека предлозите на популистите или екстремистите нема да функционираат, тие сакаат да го срушат стариот систем затоа што ги изневери нив и нивните деца. Тие имаат малку што да изгубат, пишува поранешната естонска претседателка Керсти Калјулаид, опишувајќи ги причините за немирите низ Европа.

САД ќе тестираат „топлински топ“ за разбивање толпи

Американската полиција позајми од Пентагон „топлински топ“ за да го тестира за акции за одбивање мигранти или демонстранти. Оружјето е слично на „звучниот топ“ - за кој сè уште не се знае дали бил користен или не против демонстранти во Белград – и на „дискомбобулаторот“ со кој, според Трамп, САД ја парализирале војската на Венецуела кога го грабнале Мадуро. 

Како Даниел Деј-Луис го одби Стивен Спилберг

Пред да стане Абрахам Линколн, Даниел Деј-Луис прво ја одби понудата на Спилберг за улогата. Затоа што ретко кога го одбиваат за улога, Спилберг решил да го зачува одгoворот на Деј-Луис.

Некој му ги украде Ајпадите на Микрософт

Во Силициумската долина ограбен е Центарот за истражување и развој на Микрософт. Од целиот објект и од целата опрема украдени се само Ајпадите кои биле за тестирање.

Еснафски работи

Како што е ред кај секој домаќин, така и во Бразил проститутките почнаа да се подготвуваат за Светското првенство 2014-та и се запишаа на часови по англиски. Часовите се платени од нивната Комора.

Кога таткото ќе најми убиец на синот

На Запад постојат клиники за одвикнување од онлајн игри и други интернет зависности. Во Кина проблемот го решаваат поинаку.

Идните шампиони на Кина на тренинг од 4 години

Во исто време додека постарите спортисти ги собираа медалите во Лондон, елитните спортски училишта во Кина ги бираа идните олимписки шампиони на 4-годишна возраст.

Виљушката што требаше да ни ја дадат пред 31-ви

Меѓу останатите гаџети кои се појавија на Саемот за потрошувачка електроника е и една електронска виљушка која најверојатно ќе ја прегоревме за празниците.

Зависноста со ќотек се избива

Слично на методите на околните цркви, една клиника на Сибир почна да лечи наркомани со ќотек, само не со лопати туку со стап, по цена од 70 евра од сесија.

Самопомош во неколку редови

31 книга од репертоарот за самопомош и унапредување, прочитани и секоја сведена на главните лекции и поенти што ги учи.

180.000 луѓе на Твитер мислат дека се експерти за Твитер

Нешто слично како што по телевизииве врие од најразлични експерти на секакви теми, така и на Твитер над 180 илјади корисници себе се опишуваат како: ветерани, господари, воини, евангелисти и слични форми на експерти на тема Твитер.

Како бензинот го создаде криминалот во САД

Од почетокот на 60-те, САД бележи огромен раст на насилниот криминал, кој својот врв го достигнува во 90-те. Единствено нешто што соодејствува со кривата на криминалот во овој период е кривата на потрошувачката на бензин и појавата на безоловен бензин.

Топлото чоколадо повкусно во портокалова шолја?

Во најисчекуваното истражување на зимата непогрешиво е заклучено дека - топлото чоколадо има најдобар вкус кога се служи во портокалова или крем шолја.

ММФ: "Упс..."

Во врска со задолжителните мерки за штедење кои ММФ им ги нареди на Грција и останатите речиси банкротирани членки на ЕУ, од Фондот сега признаваат - веројатно згрешивме.

GPS е стара фора

Тоа што ГПС-от е сеприсутен не значи и дека е перфектен, има проблеми во затворени простории, бетонски згради и општо во големи градови. Ви го претставуваме Locata, технологијата што ќе го замени ГПС-от.

Кога си осамен, пишувај на Фејсбук

Константното апдејтување на Фејсбук статусот им помага на луѓето да се чувствуваат помалку осамени, без разлика дали добиле "лајкови" или коментари.

Формален петок

Опуштен петок го воведоа големите корпорации за еден ден во неделата малку да ги опуштат своите вработени. Што да прават компаниите кај кои од старт секој ден е опуштено? Формален петок, ден на одела, кондури и вратоврски.

Месечина за Месечината

Земјата ја има својата лојална Месечина. За да не биде фрустрирана, ќе и донесеме нешто да се врти околу неа.

Перењето пари од дрога е најголемиот бизнис за банките

Банката Ваховија има испрано 378 милијарди долари на мексиканските нарко-картели, HSBC "не успеа да мониторира" 38 илјади милијарди фунти на нарко-картелите кои минаа низ банката а уште дузина банки потпишаа спогодба со американскиот Департман за правда за најразлични прекршувања на законите за перење пари.

Паричката од 1.000 милијарди долари

Целиот проблем со зголемувањето на националниот долг на САД (за кој Обама секоја година мора да се бутка на рака) би се решил доколку се направи една паричка од платина вредна 1.000 милијарди долари. Барем така сметаат економистите.

Зошто нема да бидеш човекот што очекуваш да бидеш

Луѓето кога се гледаат какви биле во минатото не можат да се изначудат колку многу се промениле, но во исто време некако очекуваат дека во иднина ќе останат исти, без да се менуваат.

Дали би користеле Фејсбук ако радикално се промени?

Фејсбук достигна статус на дневен ритуал заради што и не е чудо што луѓето се подготвени да креваат револуции секој пат кога ќе им биде променето нешто на сервисот. Што ако од Фејсбук решат да променат сè?

Зијан од 16,2 милиони евра за неработен ден

Тоа што Србија ги спои новогодишните со божиќните празници ќе го чини тамошното стопанство речиси 130 милиони евра, пресметале од српската Унија на работодавци.

Единствениот турист во Сирија

Себеси се нарекува "комбинација на самурај и камиказа" а во основа е јапонски возач на камион на кој животот му е толку досаден што решил да оди на одмор во Сирија. По пат, почнал и да прави фотки од војната.

Најразгалената девојка во Британија

Според британски Сан, титулата и припаѓа на извесна Џина Рио, која има 23 години и месечен џепарлак од нешто повеќе од 12.300 евра (само од мајка ѝ).

Хакирањето во Скајфол, речиси веродостојно

Ако се тргнат на страна репликите кои се прилично невозможни и не значат ништо, добар дел од хакирањето што го гледавме во новиот Бонд, е сосема легитимно.