Неофицијалниот прототип на некоја идна верзија на Фејсбук изработен од австралискиот дизајнер Фред Нерби, комплетно го уништува постојниот вертикален изглед и целиот Фејсбук го преуредува во серија на квадрати и панели.
Од дизајнерска страна концептот е сјаен. Користи големи слики и силна графика, која прилично јасно ги разделува елементите на страната, прави разлика меѓу вашите блиски пријатели и оние кои само онака ги имате на Фејсбук. Дополнително, ова е мерак за користење на таблет.
Секако тука на место е и забелешката на Гизмодо: "Од друга страна, ваков редизајн ќе резултира со колапс на неколку светски економии како последица на кенкањето и цимолењето на корисниците на Фејсбук."