
Откако ќе бидат избрани од некое од спортските училишта, децата започнуваат со тренирање, кое трае по неколку часа секој ден. По или пред ова тие задолжително мора да одат на редовни часови на училиште.
И покрај напорните тренинзи, овие училишта сепак се сметаат за "аматерски." Од тука, учениците со најголем потенцијал се испраќаат во професионалните училишта, од каде децата се промовирани во регионалните тимови или во националната репрезентација.