
Меѓу ставките од профилот на Џина што го објави Сан има:
- Џепарлакот од 12.300 евра е само половина од она што Џина го добивала пред разводот на нејзините родители. Татко и редовно и давал по 24.600 евра (20 илјади фунти), пред таа да се скара со него заради неговата нова жена.
- Татко и платил 12.300 евра за нејзиниот 16-ти роденден.
- Има 300 пара чевли и 70 чанти, меѓу кои и една Хермес од 24.600 евра. "Кога дознав дека на љубовницата и купил Хермес торба, сакав да го имам поголемиот и поскапиот модел од истата. Сакав да докаже дека мене ме сака повеќе од неа, бидејќи таа е ужасна," изјавила Рио за Сан.
- Месечно троши 740 евра на својата коса, и дополнителни 1230 евра на такси и приватни возачи.
- Моментално живее во лондонскиот хотел Савој, додека нејзината куќа се реновира. Кога ќе биде готова куќата ќе има базен и кино, а целиот горен кат ќе биде претворен во шифоњер.
- Девојката месечно заработува околу 2.500 евра како стилист.
- Вози Мерцедес СЛК од 37.000 евра.