Ви истражувањето објавено во Journal of Sensory Studies се тврди дека бојата на шолјата може да влијае на вкусот на пијалаците кои се служат во неа: "Бојата на садот во која е послужена храната или пијалакот може да збогати некои негови атрибути како вкус и арома."
Студијата ја спровеле истражувачи од Универзитетот Оксфорд и Универзитетот Политехника во Валенсија. Тие на 57 свои колеги и испитаници им дале да пијат топло чоколадо (направено по ист рецепт) во шолји со различна боја: бела, крем, портокалова и црвена. На крај, сите 57 одговориле дека топлото чоколадо во портокаловите и крем шолјите имало најдобар вкус, и покрај тоа што изјавиле дека не забележуваат некоја разлика во аромата или слаткоста на пијалакот во различните шолји.
Причината за ова најверојатно е што портокаловата и крем бојата го асоцираат мозокот на топла атмосфера и кремасти вкусови, наспроти црвената и белата.
Од претходните истражувања на слични теми се знае дека газираните пијалаци се сметаат за поосвежувачки кога се служат во сина лименка и дека кафето има посилен вкус кога е во кафеаво пакување.