Виљушката што требаше да ни ја дадат пред 31-ви

Меѓу останатите гаџети кои се појавија на Саемот за потрошувачка електроника е и една електронска виљушка која најверојатно ќе ја прегоревме за празниците.

HAPIfork е "паметна виљушка" со вградени сензори, блутут и мотор за вибрации, и нејзина цел е да ве контролира колку јадете и последователно да ве ослаби.

Секој пат кога виљушката ќе ја допре вашата уста тоа го забележува сензорот, кој запишува колку залаци сте направиле. Ако почнете премногу брзо да јадете, виљушката вибрира за да ве потсети да забавите малку. Според нејзиниот креатор, брзината со која јадете е клучна за слабеење / дебелеење.

Виљушката доаѓа со апликација за смартфон, кој не само што брои колку брзо јадете, туку и запишува кога почнал и завршил оброкот, и колку време ви треба да ја однесете храната од чинија до уста.

Почетната цена на виљушката ќе биде 99 долари. УСБ верзијата ќе биде готова во вториот квартал од годината, а блутут верзијата се очекува во третиот.

 

8 јануари 2013 - 13:32