Според магазинот New Scientist, Локата воопшто не користи сателити, туку мрежа на радио-предаватели.
"Наместо сателити, Locata користи опрема (инсталирана на земја) која емитува радио сигнали врз одредена територија кои при прием се милион пати посилни отколку оние од ГПС. Работи внатре како и надвор, а примениците може доволно да се намалат за да ги собира во мобилен телефон. Дури и американската армија, која ја измисли ГПС, технологијата, потпиша договор со Локата за започнување со тестирање на технологијата."
Додека кај најраспространетите комерцијални типови на ГПС веќе е прифатено дека има проблеми во големи градови и дека тој не е баш прецизен, Локата веќе има прецизност од 18 сантиметри по која било оска, а нејзините изумители (компанијата Локата од Австралија) тврдат дека ова можат да го симнат на 5 сантиметри.
Технологијата за сега е на самиот почеток, и освен спецификациите ќе и требаат импресивен маркетинг за да успее да го надмине ГПС-от. Најверојатно новата технологија ќе може да работи паралелно со ГПС-от.