Зошто нема да бидеш човекот што очекуваш да бидеш

Луѓето кога се гледаат какви биле во минатото не можат да се изначудат колку многу се промениле, но во исто време некако очекуваат дека во иднина ќе останат исти, без да се менуваат.

Феноменот се нарекува "илузија за крајот на историјата" и според него луѓето имаат тенденција да потценуваат колку многу ќе се променат во иднина.

"Средовечните луѓе често пати се осврнуваат на времето кога биле тинејџери со мешавина на восхит и тага. Она што никогаш не го сфаќаме е дека кога идните ние ќе погледнеме наназад ќе го мислиме истото за сегашните ние. На секоја возраст сметаме дека сме го достигнале врвот и дека сме најдобри, и на секоја возраст сме грешка," изјавил еден од авторите на студијата спроведена на Харвард.

Учесниците во истражувањето (19.000 лица на возраст меѓу 18 и 68 години) требало да одговорат за свои лични карактеристики и желби, во минатото и денес, и да направат предвидување на истата тема за во иднината.

Во основа испитаниците биле многу подобри во присеќавање на своето минато, отколку во погодување колку ќе се променат во иднина.

Причината за ова е што "верувањето дека сме го постигнале врвот на нашата лична еволуција прави да се чувствуваме добро. Дека филозофијата 'да го имав овој памет на твои години' ни дава чувство на задоволство и смисла, додека воочувањето на тоа колку се минливи нашите вкусови и вредности ќе не натера да почнеме да се сомневаме во секоја наша одлука."

4 јануари 2013 - 12:56