Кога си осамен, пишувај на Фејсбук

Константното апдејтување на Фејсбук статусот им помага на луѓето да се чувствуваат помалку осамени, без разлика дали добиле "лајкови" или коментари.

Учесниците во истражувањето, сите студенти и корисници на Фејсбук, прво требало да пополнат анкети со кои се одредува нивната осаменост, среќа и депресија, а потоа им дале пристап на истражувачите до нивните Фејсбук профили.

Студентите биле поделени во две групи, оние кои требало да постираат ист број на статуси како и претходно и оние требало да постираат повеќе од вообичаено.

На крај, анализите покажале дека оние од групата која постирала повеќе статуси биле помалку осамени, меѓутоа нивото на среќа и депресија не се променило.

Нивното објаснување е дека падот на осаменоста се должи на тоа што честото апдејтување им дава чувствово дека тие се повеќе поврзани со другите луѓе.

"Слично како што грицките го намалуваат гладот до следниот оброк, така и честото апдејтување помага да се толерира недостатокот на 'вистинска' социјална интеракција на одредено време," објаснуваат истражувачите од Универзитетот Берлин во студијата објавена во журналот Social Psychological and Personality Science.

5 јануари 2013 - 16:29