Зијан од 16,2 милиони евра за неработен ден

Тоа што Србија ги спои новогодишните со божиќните празници ќе го чини тамошното стопанство речиси 130 милиони евра, пресметале од српската Унија на работодавци.

Пресметката на работодавците е дека секој неработен ден е минус од 16,2 милиони евра за стопанството на Србија. Во оваа бројка се вклучени и компаниите кои работат за празниците, но имаат далеку помал промет заради спојувањето.

"Во првите денови од Новата година незамисливо е која било фирма во земјата да може да ги собере неопходните документи од државата, чија администрација во најголемиот дел не работи, а и тие што работат се сериозно забавени," изјавил портпаролот на Унијата на работодавци, Драгољуб Рајиќ.

Од друга страна од Асоцијацијата на мали и средни претпријатија објаснуваат дека секоја година во јануари производството бележи пад од 20%.

4 јануари 2013 - 09:49