
Меѓу најпознатите компании кои го практикуваат ова се Фејсбук, Зинга и Пулс, каде вработени по сопствена желба еден ден од неделата решаваат да излезат од дуксерите и фармерките кои секој ден ги носат.
Иако не се знае со сигурност, претпоставката е дека целата работа започнала во 2004-та во бостонското претставништво на Барбариан груп, маркетинг и креативна агенција од Њујорк.
Инаку, за главни виновници за "опуштената култура" во индустријата се Гејтс и Џобс кои кога го почнуваа бизнисот продолжија да се носат во истиот стил како и на колеџ.