Како бензинот го создаде криминалот во САД

Од почетокот на 60-те, САД бележи огромен раст на насилниот криминал, кој својот врв го достигнува во 90-те. Единствено нешто што соодејствува со кривата на криминалот во овој период е кривата на потрошувачката на бензин и појавата на безоловен бензин.

Математиката ја прави новинарот на Mother Jones, Кевин Драм, според кој бројките перфектно одговараат ако во пресметката се остави празен простор од 23 години.

"Емисијата на олово од автомобилите објаснува 90% од варијациите на насилниот криминал низ Америка. Децата кои вдишувале високи ниво на олово во 40-те и 50-те, е поверојатно да извршат некој ваков криминал во 60-те, 70-те и 80-те," пишува Драм.

Бројките кои ги презентира Драм немаат никакви исклучоци. Секоја земја што била истражувана, ја покажала истата корелација на оловото и насилството. Во рамките на САД местата каде што концентрацијата на оловото брзо опаѓала и криминалот бележи стрм пад, онаму каде што оловото побавно се исчистило, побавно се намалила и стапката на криминал.

На страна статистиките што ги објавува Драм, неговите тврдења се подржани и од хемијата и неврологијата, според кои труењето со олово предизвикува сериозни и најверојатно неповратни оштетувања на мозокот. Не само што на човек му се деградираат когнитивните способности и му се намалува интелигенцијата, туку се деградира и неговата способност за носење одлуки бидејќи се оштетени областите во мозокот одговорни за "регулирање на емоциите, контрола на импулсивноста, внимание и ментална флексибилност."

7 јануари 2013 - 20:27