Таг: бензин

Сте виделе ред за бензин, вакво нешто не

Изминатиов месец се случува комплетен крах на сè во Шри Ланка. Последно нешто е дека земјата остана без бензин / дизел, па сега луѓе чекаат пред бензинска по 12 часови.

Една работа не ја направи како што треба

Да повториме: под а. бензин никогаш не се истура врз распален оган и под б. дури и да не истураш, со бензин не се барата околу запален оган меѓу другото и заради запаливи гасови. П.с. дури и ако истуриш бензин за потпалување врз дрва, запали ги од дистанца.

Унгарска цена на бензин само за унгарски коли

Унгарија има решено целата нафтена криза да ја истера на мускули па воведе гарантирана цена од 1,22 евра за литар бензин, ама има решено и дека нема намера по пат да ги вади и сите комшиски возачи.

Големата бензинска измама од 1916

Денес, да се појави некој којшто тврди дека од вода може да направи бензин (и да го демонстрира тоа), веројатно ќе биде прогласен за божество. Тоа за малку ќе му се случело на еден изумител, само што испаднало дека неговиот „бензин“ е сепак малку „зачинета“ вода, доволно колку да проработи моторот, а потоа многу бргу да кородира.

Највисоки и најниски цени на бензин во свет

Просечната цена на бензинот во светот (во септември) била 1,2 долари (или 63,79 денари) за литар. На едниот крај од овој просек е Венецуела, каде литар бензин е само 2 американски цента, на другиот се Хонгконг и Холандија со 2,56 односно 2,18 долари за литар. Во Македонија цената моментално е 70,65 денари (1,33 долари) за литар.

Титулата ви е во џеб? Не, во џеб имам 40 евра, ставав бензин

Интер многу тешко со 1:0 ја совлада сјајната Аталанта. Единствениот гол го постигна стоперот Шкриниар во 54 минута за триумф со кој сега на Милан му бегаат +6 бода.

It's all about Benjamins

Не вреди даље да се објашњавам.

Толко ми е више од све згадено.

Како бензинот го создаде криминалот во САД

Од почетокот на 60-те, САД бележи огромен раст на насилниот криминал, кој својот врв го достигнува во 90-те. Единствено нешто што соодејствува со кривата на криминалот во овој период е кривата на потрошувачката на бензин и појавата на безоловен бензин.

Кого најмногу боли на бензиска?

Блумберг направи листа на цените на бензинот низ светот. Во Венецуела не е јасно како се исплати да имаш бензинска, во Норвешка веројатно со Бајадера те пречекуваат.