Планот на унгарската влада е да се сопре „бензин туризмот“, па гарантираната цена да важи само за возила со унгарски таблици.
За сега не е јасно дали ваквата одлука ќе биде дозволена од ЕУ и дали е во согласност со правилата за единствен пазар, кои забрануваат дискриминација по основа на националност и држава на живеење.
Сегашната граница на цената на горивото треба да важи до 1 јули, меѓутоа се очекува да биде продолжена. Унгарија има слични ограничувања и на цената од основни прехранбени производи како брашно и шеќер.
Унгарските мерки се со цел да се запре галопирачката инфлација, кој се очекува во следните месеци да стигне до 10%.