Освен наркомани, во клиниката примаат и зависници од алкохол и секс, а според тамошните психолози овој третман помага во случаите каде што не успеале сите други методи.
"Ги тепаме пациентите по задникот, со јасна и дефинирана медицинска цел, ова не е некоја садо-мазо активност," објаснува професорката Марина Чуркрова, која заедно со др. Герман Пилипенко ги започнаа третманите.
Двајцата тврдат дека на зависниците им недостасува ендорфин (кој е познат како хормон на среќата). Болката од ќотекот го стимулира мозокот да почне да создава ендорфин во телото со што "пациентите стануваат посреќни во својата кожа."
Сесијата е составена од комбинација на психолошко советување и 60 удари со стап. Додека ги тепаат, докторите им зборат на пациентите за штетните страни на нивната зависност.