Според Дарен Кичен хакирањето во филмот е само забрзано и разубавено, за публиката да не треба да гледа во црн екран со десетици редови код, плус, Силва теоретски би можел да го разнесе седиштето на МИ6 преку вирус налик Stuxnet кој летоска ги нападна иранските нуклеарни централи.
Главната забелешка е што добар дел од репликите кои се однесуваат на опасностите од хакирање се претерани и кога би се превеле во "човечки" термини тие нема ништо да значат.