Планот е корисниците кои не ви се пријатели на Фејсбук да можат да ви пратат порака која ќе пристигнува директно во инбокс (и до сега може да ви пратат порака, ама таа завршуваше во "others").
Како што е случајот и со тестот за Закерберг, големата цена на ниту еден начин не ви гарантира дека тој ќе ја прочита вашата порака или пак дека воопшто ќе ја види. Сепак, идејата зад сегашната цена е дека таа ќе помогне да не се злоупотребува сервисот за спамирање на славните личности на Фејсбук.
Кога Фејсбук прв пат го најави планот да заработува на вашиот инбокс, тие најавија цена од 1 долар. Иако компанијата се уште ништо нема официјално најавено, од таму објаснуваат дека цената од 100 долари е само тест.
"Моментално тестираме некои екстремни цени, за да видиме што ќе функционира како филтер за спам," изјавил портпаролот на Фејсбук, според кој цената би требало да помогне можноста да ја искористат само луѓето навистина заинтересирани за испраќање на порака до некој што не им е пријател.