Марк Закерберг и жена му ѝ пишаа писмо на нивната штотуку родена ќерка Макс дека ќе раздадат наоколу 99 посто од нивните акции во Фејсбук. Ние сувопарно ќе ви ги пренесеме фискалните аспекти на сторијата а за човечкиот момент, наш Дарко има еден преубав омаж на темата.
И покрај тоа што хејтерите сакаат да го претстават како непродуктивно џаболебарење, вашето дремење на ФБ и се што правите таму носи сериозно голем финансиски ќар. Малку разочарувачки е што нема ќар за вас или за кој било што го познавате, ама на пример на Закерберг му донесе 580 милиони долари само во последниот квартал.
Како и нашите, и американските медиуми обично им даваат голем публицитет на милионските донации но подоцна ретко кој проверува како тие завршиле. Пред некоја година Закерберг од Фејсбук донираше 100 милиони долари за школите во Њуарк, една од најбедните заедници во Америка. Што се случи со тие пари? Нишчо особено.
Во 2004-та СиБиЕс прави интервју со 19 годишниот компјутерџија и сопственик на еден интернет сервис кој само што го добил својот 100-илјадити корисник. Денес човекот вреди 35 милијарди долари.
Самообвинувачката флоскула „заради ова интернетов" за многумина стана главен изговор што долго време не зеле книга в рака. Тоа станува уште поиронично имајќи го предвид „бук"-от во името на Фејсбук. Но Закерберг сега ќе ја оправа работата.
Oсновачот на Фејсбук оваа недела учествуваше на дискусија на Универзитетот Цигнуа во Пекинг, oдговарајќи на прашањата на - кинески. Медиумите паднаа во несвест, а и на прво слушање навистина звучи импресивно. Но што е тоа што толку изненадува?
По основа плата и бонуси, Закерберг за 2013-та на невестата дома и однесе вкупно 1 долар. И директорите околу него генерално се разочарани околу платата што ја примија.
Зависниците од Фејсбук можат да бидат горди на себе затоа што сториле голема добрина за еден човек. Се вика Марк Закербег кој штотуку потрошил 30 милиони долари да купи четири куќи околу својот дом за да има поголема приватност.
Во октомври Ванити Феир одлучи да ја објави листата на 50 најголеми иноватори за 2013-та, луѓе кои од темел ги протресуваат индустриите во кои работат.
Во исто време и двете компании сакаа да го купат Инстаграм. Фејсбук даваше 1 милијарда, Твитер 520 милиони. Крајниот исход (иако така изгледа) нема никаква врска со парите.
Фејсбук почна со тестирање на некои екстремни цени за најавената опција која во основа ќе го стави вашиот Фејсбук инбокс на продажба. Прво сандаче на продажба е инбоксот на Марк Закерберг.
Прв проблем на Фејсбук е што речиси половина од корисниците ја имаат изгубено довербата во него. Втор проблем, ниту инвеститорите повеќе не се премногу уверени во моќта на компанијата. Решение - национализација.