„Закерберг зборуваше кинески. Во Кина. Публиката му јадеше од рака". „Основачот на Фејсбук одеднаш зборува мандарински". Вака гласеа коментарите на голем број медиуми по споменатиот настан. Но претпоставката на ваквото масовно изненадување, од Њујорк до Пекинг, е дека е неверојатно едно дете-гение и шеф на комапнија од 240 милијарди долари да може да се снајде на не-англиски, којшто додуша, според Секретарот за надворешна политика Ајсак Стоун Фиш, го зборува „како артикулирано 7-годишно дете со уста полна џамлии".
Прво - Закерберг не прозборил „одеднаш" мандарински, туку за тоа му требале 4 години. Второ, жена му е со потекло од Кина, па ова веројатно му помага да се разбере со сватовите. Трето, тој е познат по тоа што самиот си поставува предизвици, како оној од 2013 секој ден да запознае нов човек. Плус, Кина е дом на најголемата популацијаа интернет корисници (632 милиони), каде Фејсбук е блокиран. Без оглед дали бил замислен како деловен потег, или како „шармерска офанзива", тој дефинитивно привлече внимание.
Дали истиот шок ќе се случеше доколку шеф на неамериканска технолошка компанија - пример кинеската Леново, се појавеше пред публика во САД и зборуваше (замислете) англиски, прашува коментатор на Си-ен-ен? Секако дека не, а тоа е затоа што оние од англиските говорни подрачја, особено од САД и Британија, очекуваат сите да го зборуваат нивниот јазик. Според анкета на Галуп од 2001, само една четвртина Американци можат да разговараат на втор јазик, споредено со половина Европејци. Во Африка пак, иако е тешко да се дојде до проверени податоци на оваа тема, повеќето луѓе зборуваат три или повеќе јазици, затоа што на континентот се зборуваат скоро 2,000 од нив.
Оттаму, презентацијата на мандарински на Закерберг и покрај тоа што е опишана како „тоналитетно некоректна" што довело до тоа неговата изјава дека Фејсбук има 1 милијарда мобилни корисници да звучи како да има само 11, или уште построго, „јасна како да се обидуваш да кажеш нешто дур ти газат по фаца", сепак е импресивна заради една работа - тој се труди. Ризикува затоа што знае дека тоа е единствениот начин да биде подобар во бизнис во кој во САД веќе има 37 милиони говорители на шпански, што е голем пораст од 10-те милиони во 1980. И некои од нив зборуваат само шпански. Можеби англискиот веќе нема да биде „лингвистичкиот лепак" кој ја држи Америка на купче. И не само шпанскиот, кој и да е втор јазик отвара нови светови и нови невронски патишта. И нови бизнис пазари.