"Само владата може да го среди проблематичниот начин на кој компанијата управува со приватноста на корисниците и да дозволи социјалната мрежа да го исполни својот потенцијал во создавање на општо добро," пишува професорот на Универзитетот во Вашингтон, Филип Хауард.
Идејата на Хауард инстантно беше прогласена за "стварно, стварно, стварно ужасна." Како што објаснува заменик уредникот на Reason, Ед Крајевски, власта и сега го злоупотребува Фејсбук и прибира податоци без никаква дозвола, а не па кога ќе го има под своја контрола. Освен ова, Фејсбук не е јавно добро туку компанија, и кога таа ќе пропадне тоа едноставно ќе отвори простор на интернет за иновации и напредок.
Од друга страна, Аманда Ле од Independent Voter Network, објаснува дека колку и да е лоша идејата, сепак ако таа доведе до враќање на довербата на јавноста во Фејсбук и неговата стабилност, тогаш можеби сето тоа и не звучи толку лудо.
Од Форбс, се надоврзуваат на претходните ставови дека идејата е ретко глупава, ама па затоа признаваат дека "ова е пристап кој никому претходно му нема текнато - дека проблемот со Фејсбук е што не е управуван од федералните власти."