1. Џеф Безос, Амазон
Возраст: 49
Минатогодишен ранг: 3
Стадиум на глобално освојување: Во потег кој ги вознемири и старите и новите медиуми, Безос во август го купи Вашингтон Пост, потврдувајќи дека не постои индустрија која тој не ја смета дека е зрела за нарушување. Амазон нема сериозни конкуренти во онлајн продажбата, а цената на акциите на компанијата е зголемена за 7 пати од 2008-ма, и единственото прашање е до каде може Безос да се шири. Њујорк тајмс го нарече "природниот наследник на Стив Џобс како претприемач, кој има најголемо влијание на начинот на кој луѓето живеат." Новите бизниси вклучуваат поставување на сандачиња по градовите, за корисниците да можат полесно да ги земаат своите нарачки, онлајн аукциска куќа и амбициозен обид да произведе сопствено ТВ шоу.
Голем исчекор: Безос добар дел од летото го мина работејќи во Лаб126, лабораторијата за хардвер на Амазон сместена во Силициумската долина, во која е креиран Киндл. Шпекулациите се дека Амазон создава сопствен мобилен телефон или сет-топ бокс за телевизија.
Надвор од работно време: Во март Безос потроши три недели на океан со тим на истражувачи и успеа да ги пронајде моторите на Аполо 11 во Атлантскиот океан.
2. Лари Пејџ и Сергеј Брин, Гугл
Возраст: 40, 40
Минатогодишен ранг: 2
Стадиум на глобално освојување: Со вредноста на акциите за 20% поголема од минатата година и годишен профит од над 10 милијарди долари, Пејџ и Брин можат да продолжат со постојаното експериментирање. Меѓу проектите: одлуката за 1 милијарда долари да го купат Waze (апликацијата за сообраќај), Project Loon планот за обезбедување интернет низ цел рурален САД со помош на балони на воздух и Google Glass.
Голем исчекор: Во август Моторола мобилити, која Пејџ ја купи за 12,5 милијарди долари во 2011-та, го промовираше смартфонот Moto-X. Телефонот ќе биде произведуван во Тексас, со што ќе стане првиот смартфон произведен во САД.
Надвор од работно време: Во август се појавија гласините дека Брин се развел од својата сопруга Ен Војцицки, и живее со 27-годишната Аманда Розенберг, инаку вработена во Гугл.
3. Тим Кук и Џонатан Ајв, Епл
Возраст: 52, 46
Минатогодишен ранг: 1
Стадиум на глобално освојување: Две години од смртта на Стив Џобс. Минатата година вредноста на акциите падна за 35%, додека инвеститорите стравуваа за компанијата која мина неколку години од нејзиниот голем хит Ајпадот од 2010-та. Иако многумина очекуваа повеќе од септемвриската промоција на Ајфон 5С и 5Ц (акциите паднаа пред самата промоција), други се уште веруваат дека Епл ги поставува стандардите за иновација и дека ова е само загревање за 2014-та, за кога гласините тврдат дека "доаѓаат сите добри работи" од работилницата на Ајв.
Голем исчекор: Минатата есен, откако Кук јавно се извини за проблематичните мапи на Епл, тој се збогуваше се долгогодишниот заменик на Џобс за софтвер, Скот Форстал, и работата му ја даде на дизајнерот Ајв, со тоа зацврстувајќи ја неговата позиција како најважниот индустриски дизајнер во светот.
Надвор од работно време: И Кук и Ајв се вклучени во големи добротворни проекти. Аукцијата на филџан кафе со Кук донесе 610.000 долари, додека Ајв во партнерство со неговиот пријател, дизајнерот Марк Њусон, започна со избор и дизајнирање на предмети за аукција за фондацијата Red на Боно.
4. Марк Закерберг, Фејсбук
Возраст: 29
Минатогодишен ранг: 4
Стадиум на глобално освојување: Пред 1 година Марк изгледаше ранливо, не само заради тоа што долго очекуваното излегување на берза беше катастрофално, туку и затоа што тој беше фатен комплетно неподготвен од бумот на користењето на смартфоните. Една година подоцна, вредноста на акциите е околу 45 долари (далеку под цената на денот на излегувањето на берза). Во последниот квартал, Фејсбук пријави приходи од реклами на мобилни телефони од 656 милиони долари. Пред една година имаа речиси 0. Се очекува дека огласувачите во 2013-та ќе потрошат 6 милијарди долари на Фејсбук.
Голем подвиг: Главната грижа е дека Фејсбук ќе им стане досаден на тинејџерите и тие ќе избегаат на нови дигитални игралишта. Закерберг ова го реши минатата година купувајќи го Инстаграм за 1 милијарда долари.
Надвор од работно време: Во април Закерберг прв пат влезе во политиката, започнувајќи го FWD.us, група за реформи на имиграцијата во САД. FWD имаше проблеми во Силициумската долина откако објави реклами во кои и даде поддршка на нафтената индустрија, по што некои поддржувачи на проектот, како Елон Муск, ја напуштија иницијативата. Закерберг го започна и internet.org иницијатива за носење на достапен интернет пристап во земјите во развој.
5. Елон Маск, Тесла Моторс
Возраст: 42
Минатогодишен ранг: 9
Стадиум на глобално освојување: Стартапот за електрични автомобили на Маск повеќе пати беше на раб од катастрофа. Меѓутоа откако во 2008. ја спаси компанијата од банкротирање, сега Тесла бележи раст. Во август кварталниот извештај покажа нето заработувачка од 26 милиони долари, наспроти сите очекувања на аналитичарите. Цените на акциите на Тесла се пораснати за 9 пати од 2010-та, а само оваа година имаат раст од 400%
Голем подвиг: Другата компанија на Муск, SpaceX, ја освојува Северна Америка. Тие и понатаму имаат 1,6 милијарди долари вреден договор со НАСА, а добија договор и за работа на најамбициозната вселенска програма во историјата на Канада.
Надвор од работно време: Во август Маск ги објави деталите за неговиот проект за транспорт, наречен Хиперлуп, кој би требало да ги превезува луѓето од Сан Франциско до Лос Анџелес за 30 минути (оддалеченоста е околу 600 километри).