Комбинацијата од привлекување на повеќе огласувачи, посебно на мобилен, и зголемувањето на бројот на активни корисници, доведе до раст од 41% на приходите на ФБ. Ова посебно им одговара на акциите на компанијата, кои годинава до сега имаат раст од 33%.
Плусот на фирмата се одрази со дополнителни 580 милиони долари на нето вредноста на Закерберг. Во изминатава година, благодарејќи на растот на акциите, неговиот баланс е зголемен за речиси 11 милијарди долари.
Дополнувањето на домашниот буџет на Закерберг следува откако во последниот квартал Фејсбук имаше скок од 17% во бројот на активни дневни корисници, со што ја надмина границата од една милијарда. За овој период имале и 2,5 милиони огласувачи, а 78% од сите пари од реклами ги направиле од реклами на мобилни уреди (што е 66% повеќе од пред една година).