Иако Фејсбук му исплати плата од само 1 долар на Закерберг (само сакаше да се откаже од платата), генералниот и неговите пријатели за 2013-та потрошија околу 650.000 долари за користење на службениот авион за приватни цели. Освен ова Фејсбук плаќа и за обезбедување на Закерберг. Претходно платата на Марк беше 500.000 долари годишно.
Без разлика на платата, 29-годишниот Закерберг моментално е два пати побогат од претходната година, откако цената на акциите на Фејсбук пораснаа за 2 пати. Како основач, тој контролира речиси 62% од акциите на компанијата, што во пари изнесува 27 милијарди евра.
ЦОО-то на Фејсбук, Шерил Сандберг, во 2013-та доби 10 милиони долари помала плата од претходната година. Па наместо 26 милиони, за 2013-та платата и бонусите и изнесуваа 16 милиони долари. Инаку, Сандберг има околу 320 милиони долари во акции од Гугл (што ги доби додека беше директор во компанијата), и уште 12,5 милиони акции во Фејсбук, кои по денешна цена изнесуваат над 750 милиони долари.
Секој од не-извршните директори на Фејсбук доби по 300.000 долари во акции, плус тие добиваат по 50.000 долари надомест за управување со бордот.