
Во овој процес не само што другите луѓе ги убедувате дека сте способни, туку и самите (несвесно) почнувате да верувате во приказната.
Како што објаснува психологот од Харвард, Емји Кади, невербалните гестови функционираат и кога си искрен и кога лажеш. На пример, ние смееме кога сме среќни, ама и смеењето со сила прави да се чувствуваме посреќни.
Во нејзиното истражување, од учесниците прво било побарано да заземат позиција на моќ или позиција на потчинетост, и да ја задржат таа поза во рок од 2 минути.
Различните тестови подоцна покажале дека луѓето во првата позиција биле поверојатно да преземат ризици и дека тие имале раст од 20% во тестостеронот. Од друга страна, луѓето во другата група било помалку веројатно да превземат ризик, и всушност имале и пад на тестостерон.