Најдобар телевизор: SAMSUNG 4K "EASEL TV"
Телевизорот на Самсунг од 85 инчи и Ултра висока дефиниција (UHD). Почетна цена, сега за сега - 30.000 долари.
Најдобар телефон: SONY XPERIA Z
5 инчи екран, резолуција 1080p и "квад-кор" процесори.
Најдобар таблет: VIZIO 10-INCH ANDROID TABLET
Еден од првите уреди со Тегра 4 процесори, дисплеј од 300 dpi, плус работи на "фабрички Андроид."
Најдобар фотоапарат: FUJIFILM X100S
Ова требаше да биде само апдејт на X100 од 2010-та. Сите што го тестираа дадоа ист заклучок - значително унапредување на (понекогаш) бавниот претходник, кој е многу поинтересен за фотографирање отколку кој било друг фотоапарат.
Најдобра електроника за носење: FITBIT FLEX
Ова е првиот производ на Fitbit кој може да се носи околу рака и треба да е далеку поотпорен на секакви невремиња отколку неговите претходници. Уредот е сериозна конкуренција на алките од Nike и Jawbone.
Најдобар прототип: SONY 4K OLED TV
56-инчен телевизор, со (приближно) 4 илјади пиксели и сето тоа во OLED технологија.
Најголема сторија: VALVE
Steam Box, играчката конзола на Валв конечно се појави во јавност. Работи на Линукс и уште е прототип, ама е доволно за да ги вознемири сите.