АНТРАКСОТ БЕШЕ ДЕЛО НА ПОРЕМЕТЕН АМЕРИКАНСКИ НАУЧНИК
Бргу откако САД почнува да го средува случајот од 11-ти септември, двајца сенатори и неколку медиумски куќи добија писма со бел прав за кој се утврди дека е ужасно опасниот антракс. Сите помислија дека се работи за втора фаза од терористичкиот напад бидејќи пропратните пораки во писмата изгледаа вака.
Умреа 5 лица, 17 се поболеа. Цели згради беа евакуирани и над милијарда долари се потрошија за деконтаминација на сите објекти кои дошле во допир со писмата.
Администрацијата на Буш дополнително и се з'гна на Ал Каеда иако немаше никакви докази за нивна поврзаност со случајот.
Што се дозна, ама доцна?
Години истражни дејства ја отфрлија Ал Каеда од листата на осомничени. Првиот јавно осомничен беше американскиот експерт за биолошко оружје, доктор Стивен Хатклиф. Но, се утврди дека Хатклиф не стои зад нападот па доби и 5 милиони отштета од американската влада.
Вториот осомничен беше доктор Брус Ивинс. Беше, додека не се самоуби во 2008-мата, непосредно пред ФБИ јавно да го обелодени бидејќи недвосмислено го поврза антраксот со неговата лабораторија. Која е причината за неговото самоубиство, освен долгата историја на ментални болести и депресија? Дали тој беше таен џихадист, платеник на Ал Каеда, екстремно десничарски радикал?
Не, сега доаѓа зезнатото. Ивинс беше еден од двајцата главни луѓе ангажирани на средување на ситуацијата со случајот антракс. Министерството за одбрана дури и го награди за негово залагање!
Инаку, човек што има деца, оди во црква и волонтира за Црвениот Крст. Е па зошто и како?
Пазете, Ивинс е експерт кој две децении има посветено на проблемот со антраксот, работејќи за армискиот центар за медицински истражувања. И се случуваат авионските напади на Њујорк по што неговат деловна програма се наоѓа пред укинување. И го прави ова со антраксот и Владата решава - да ја продолжи програмата!
Во следната сторија, нешто за Тојота....