Во студијата "The New Stylized Facts about Income and Subjective Well-Being," се тврди дека досегашниот став "се базира на емпириски тврдења кои едноставно се погрешни."
Еве шест поенти на истражувањето
1. Богатите држави се посреќни. Истражувачите анализирале одговори на испитаници од 122 држави за тоа колку се среќни, и потоа бројките ги споредиле со БДП-то на земјата. Двете ставки имале сериозна поврзаност, колку повисок БДП толку посреќен народ.
2. Секој следен долар нема да ви купи иста количина на среќа. Правата линија може да лаже на прв поглед. Таа не вели дека за секои дополнителни 1.000 долари се добива иста количина на задоволство. Туку, зголемувањето на вашите приходи за два пати од 1.000 на 2.000 долари, го зголемува задоволството за иста количина како зголемување на вашиот приход од 10.000 на 20.000 долари.
3. Богатите држави стануваат посреќни како што се богатат. Не само што богатите се посреќни, туку нивното задоволство и среќа расте како што се зголемува нивното богатство.
4. Нема крајно ниво на среќа. Од претходните графикони може да се заклучат три работи. Прво, линиите одат нагоре. Повеќе пари, повеќе среќа. Второ, линиите одат нагоре во паралела. Без разлика на јазик, култура, религија, етничка позадина, истата количина на екстра пари, купува иста количина на дополнителна среќа. Трето, линиите растат во паралела и не го достигнуваат крајното ниво. Не постои точка на презадоволување, нема линија по која парите одеднаш ја губат својата способност да ја подобрат вашата добробитта.
5. Лекцијата од Европа: стабилна стапка на раст на задоволството од стабилна стапка на раст на приходите. Истражувањето на Евробарометар (кое мери од 1973-та), покажува дека во 8 од 9-те држави за кои истражувачите имаат најмногу податоци, добробитта постојано растела низ времето заедно со економскиот раст. Освен во Белгија.
6. Лекцијата од Америка: Нееднаквоста на приходите е данок на среќа. Економијата на САД од 1970-та е зголемена за два пати. Меѓутоа има пад на добробитта. Ова авторите го објаснуваат по две основи. Прво, економскиот раст е паралелен со растот на среќата во најголемиот број на земји, ама ова не значи дека БДП-то е главен фактор за среќа. Второ, добро е познато дека САД е светски лидер во економската нееднаквост и дека плодот од дуплирањето на БДП-то воопшто не е рамномерно поделен.