Ако друго не помага, прави апликација

Затоа што веројатно се откажаа од спасување на мажите, Шкотите направија Анроид апликација која треба да ги откаже жените од алкохол. Ги фаќа на убавина.

Апликацијата (нарачана од шкотската влада) Drinking Mirror треба да ги преплаши жените да престанат да пијат, со тоа што ќе им покаже колку ќе огрдат од алкохолот за 10 години.

Drinking Mirror бара од корисниците да аплоудираат своја фотографија, и да ги внесат основните информации за тоа колку пијат во текот на неделата. Ако пијат меѓу една и пет чаши неделно, тогаш апликацијата ќе извади поисцрпена верзија на вашето лице. Оние меѓу 6 и 10 (крајната граница на апликацијата) добиваат ужасна верзија, со црвен нос, вистнати образи и слично.

Иако апликацијата никако не ги спречува мажите да ја користат, таа постојано се рекламира како апликација за жени. Една од причините за нејзиното создавање е што стапката на цироза меѓу жените во Шкотска во изминатите 2 децении е зголемена за 3 пати, а според владините статистики 38% од жените во Шкотска прекумерно консумираат алкохол.

9 јануари 2013 - 17:10