Вести

Португалија го укинува „здравствениот туризам“

Португалскиот парламент настојува да ја укине мерката која овозможуваше бесплатни здравствени услуги на странци и нелегални имигранти. Португалија стана популарна дестинација за „здравствен туризам“. Во изминатите пет години им била укажана грижа на повеќе од 141.000 странци без здравствено осигурување, со што останале ненаплатени услуги од 15 милиони евра.

Спроти можниот изборен пораз:

Луѓето на Трамп во трка по адвокати

Членови на администрацијата на Доналд Трамп, советници од Белата куќа, пониски службеници, па и компании што соработувале со владата, забрзано настојуваат да ангажираат адвокати за да ги бранат од очекувани тужби ако демократите победат на изборите за Конгресот во ноември. Трамп како претседател има посилен имунитет, а и веќе издржа два импичменти во својот прв мандат.

Мерките против ковид биле „смртна пресуда“ за најранливите Британци

Иако е општо познато дека постарите луѓе се екстремно ранливи на респираторни вируси, британските власти на почетокот на пандемијата на ковид не ги заштитиле луѓето згрижени во домови за нега. Меѓу нив префрлале нетестирани пациенти од болници, по што вирусот се проширил како пожар. Фокусот бил да се заштити здравствениот систем, покажува нов извештај.

Речник

Дата-центарот на копно, работниците на пловечки затвор

Инвеститорот на огромен центар за податоци во Норвешка, еден од најголемите во Европа, изнајмил голем брод што порано се користел како пловечки затвор за да ги смести накнадно ангажираните градежни работници. Изградбата на комплексот за кинеската компанија ByteDance веќе доцни шест месеци поради проблемите со наоѓање доволно работници.

Германија троши милијарди евра за странци кои не работат

Речиси две третини од корисниците на социјална помош во Германија имаат мигрантско потекло – многумина и откако ќе добијат државјанство. Државата за нив издвојува над 20 милијарди евра годишно и троши многу повеќе за домување, образование и интеграција. Ако веќе примаат помош, АфД бара и да работат, макар и по 15 часа општествено-корисна работа неделно.

Франција гори од токсична улична коалиција

Француската левица полека, но сигурно, му го сврте грбот на „продуктивниот работник“ и влезе во токсична коалиција со наводно угнетените: лути млади, мигранти, бездомници, муслимани. „Посипете малку радикален ислам и овој сојуз од луд станува смртоносен“, пишува Брендан О'Нил.

Психологијата зад вестите на Фокс

Џонатан Филипс од Универзитетот Јеил и Ерик Манделбум од Универзитетот Харвад разговараат за психологијата што Фокс ја користи за спречување на критичкото размислување.

Двајцата непотребно несреќни мажи

Едниот е од Бразил, другиот е од Израел, едниот умрел од крава, другиот за малку ќе умрел од змија. Животниве не се некаква метафора, туку вистински се.

Твитот што ја предаде Џ.К. Роулинг

Веста е дека Џ.К. Роулинг ултра успешната авторка на Хари Потер, на целата своја слава и пари, решила да објави детективски роман под друго име (и тоа машко) Роберт Галбрајт. Тајната ја откри Сандеј Тајмс и се благодарејќи на еден твит.

Зошто комарците толку ти го имаат меракот

Не е лично до тебе, ама сепак има цела листа на фактори зошто комарците се посебно намерачени на околу 20% од човековата популација.

Инстаграм бизнисот во Кувајт

Во Кувајт речиси и да нема човек со смартфон кој нема Инстаграм бизнис, и тоа во ова се вклучени сите од тинејџери до баби.

Ќе отиде ли некогаш кралицата Елизабета II во пензија?

Монарсите на Холандија и Белгија одлучија да се повлечат од престолот и да им дозволат на наследниците да дојдат на ред да владеат, во Британија кралицата Елизабета II за некој ден ќе добие правнук од син на својот син. Сите овие чекаат да владеат.

Ѕвезди за рентање

За колку пари богатите и славни ѕвезди се изнајмуваат себе си, на многу, многу, многу богатите ама и помалку славни.

Бирократијата не титка на глупост

Две агенции на американската администрација во декември 2011-та добиваат известување од Одделот за домашна безбедност дека нивните компјутери се заразени со вируси. Она што следува е некаде меѓу топ 2 случаи за владина некомпетентност.

Бездомникот што е под куќен притвор

48-годишниот Доменико Кодиспоти, заради грабеж и продавање дрога треба да одлежи две години казна куќен притвор, на еден од тротоарите во Милано.

14,15 и точка

Истражување, чии автори се најмногу горди на тоа што нашле начин како да ги натераат мажите да не лажат, покажало дека светскиот просек на машкоста е 14,15 сантиметри.

Животот во Египет само што стана сомнително добар

И покрај политичкото незадоволство и масовните убиства, Египет до тоа ниво стана подобро место за живеење, што целата работа му е сомнителна дури и на Њујорк Тајмс.

Вашиот живот не е ваш

За да не се објаснува теоретски за тоа како може да настрадате на интернет од споделување на своите податоци, белгиска банка им приредува комплетен кошмар на своите клиенти крадејќи им го нивниот живот.

Асанж го чини Лондон 4,4 милиони евра

Членовите на градскиот совет на Лондон решија после една година да ги проверат трошоците за опсадата на амбасадата на Еквадор во Лондон и бдеењето дали Асанж ќе се појави од некаде.

Од каде ги прави Дизни парите?

Филмот кој летово требаше да биде најголемиот блокбастер на Дизни, излезе најлошата инвестиција за компанијата оваа сезона, правејќи загуба од 190 милиони долари.

Највлијателните филмови во последните 100 години

Основата на влијателност ја одредува Википедија, на која со помош на алгоритам се избира по еден филм за секоја година.

Фотографот што го сними сопственото убиство

Меѓу 51 жртва на судирите во Египет кога армијата отвори оган на толпата собрана пред Офицерскиот клуб во Каиро, беше и 26-годишниот фотограф на весникот Al-Horia Wa Al-Adala.

Најдобриот хотел во светот е сред Боцвана

Mombo Camp и Little Mombo Camp сместени на Окаванго делтата во Боцвана, добија резултат од 96,60 (од можни 100) на рангирањето на Travel + Leisure и се прогласени за најдобар хотел во светот.

Валканата тајна на избледените фармерки

Од шест контролирани фабрики за џинс во Гуангжу (еден од најголемите центри во Кина за производство на овој материјал) сите шест користеле забранета и смртоносна техника за избледување на фармерки.

Почина Жељко Малнар

Претседателот на република Пешченица, новинарот, патописец и авантурист, Жељко Малнар почина во загребската Клиника за белодробни заболувања. Тој имаше 69 години.

Дали атеистите треба да вежбаат јога

Минатата недела судија од Калифорнија одлучи дека во локалните училиштата смее да се предава јога и покрај забелешките на родителите дека преку тоа се промовира "Источна религија."

Ценовник за поткупување кинески функционер

Листа со имињата на 47 функционери, тарифата и конкретната услуга за која што е платено веќе некое време циркулира на кинеските социјални медиуми.

30.000 затвореници на штрајк со глад

Во она што е на добар пат да стане најмасовниот штрајк со глад во САД, затворениците во 20 од 33-те затвори во Калифорнија вчера го одбија својот прв оброк.

10-те со парите

Иако глобално личи како Епл и Самсунг да даваат бескрајно многу пари за реклами, на ниво на САД тие се само на 12-то односно 15-то место по парите потрошени за маркетинг.

Како изгледа присилното хранење во живо

Од 100-те затвореници во Гвантанамо кои штрајкуваат со глад, над 40 секој ден се присилно хранети за да не умрат. Целата процедура не е ниту најмалку пријатна. Јасин Беј (а.к.а. Мос Деф) сам се пријави да го мине целиот процес пред камери.