Валканата тајна на избледените фармерки

Од шест контролирани фабрики за џинс во Гуангжу (еден од најголемите центри во Кина за производство на овој материјал) сите шест користеле забранета и смртоносна техника за избледување на фармерки.

Во извештајот изработен од неколку групи за заштита на правата на работниците, анкетираните работници изјавиле дека тие рачно ги избледувале фармерките со пескарење и тоа најчесто работеле во смени од 12 часа. Во зависност од фабриката нивната просечна плата била меѓу 330 и 1.140 долари, за кои требало да изработат меѓу 500 и 600 пара фармерки.

Дел од работниците потврдиле дека и покрај тоа што нивните фабрики јавно ветиле дека се откажуваат од оваа технологија, тие ја продолжиле праксата. Една од нив е фабриката Zhongshan Yida Apparel, која снабдува 4% од фармерките продадени со САД, а соработува и со Левис и H&M.

На ова од Левис одговориле дека лично се увериле дека Јида не користи пескарање за фармерките уште од 2009-та, а во 2012-та фабриката ги фрлила машините што се користат во овој процес. Од H&M тврдат дека од ниту еден производител немаат нарачано вакви фармерки, и дека целиот џинс кој им пристигнува од Јида е рачно избледен.

Пескарањето стана масовна пракса откако во изминатите 20 години се зголеми популарноста на избледените фабрики. Овој метод беше забранет во 2004-та, кога турски доктор на прегледи за регрутација за војска кај поранешни работници во фабрика за џинс откри поврзаност меѓу пескарењето и едно смртоносно заболување на белите дробови предизвикано до вдишување на мали парченца кварц.

Алтернативата на оваа пракса е избледување на фармерките со шмиргла, што е далеку поскапо.

10 јули 2013 - 10:01