Малнар беше автор на повеќе од 70 документарни филмови и репортажи од речиси целиот свет. Првата експедиција му е во БиХ, во последната прастара шума во Европа.
Студира медицина и експериментална зоологија. За време на студиите се дружи со индолози од Филозофскиот факултет. Подоцна во периодот од 1970-та до 1974-та заминува во Индија и студира филозофија и масовни медиуми. По ова тој ги започнува експедициите низ целиот свет и прави документарци и репортажи од Турција до Јордан, од Индија до Куба. Истовремено работи како дописник на РТВ Загреб.
Во 1986-та ја пишува книгата "Во потрага по стаклениот град," а во 2004-та ја објавува "Филозофија на Република Пешченица."
Последните години тој ги минува во Загреб, каде што работи како колумнист за Глобус и водител на емисијата Ноќна мора.
Според неговиот пријател и продуцент на Ноќна мора, Недељко Бадовинац, Малнар во последниот период имал сериозни проблеми со белите дробови и доста време минувал во болница.