Ова звучи лошо и е лошо за компанијата, меѓутоа олеснителната околност е што Дизни не е "филмска компанија," туку таа е телевизиска компанија.
Дизни снима голем број филмови, има забавни паркови низ целиот свет, прекуокеански бродови и брендирани производи, меѓутоа и покрај сето ова, над 50% од приходите на компанијата доаѓаат од телевизиите што таа ги поседува: кабелските мрежи (посебно ESPN и Дизни каналот) и комерцијалната телевизија АБЦ.
Иако долгорочно филмовите се клучни за бизнисот на Дизни (на нив се базираат забавните паркови, ликовите кои ги продава, лиценците за ТВ серии и сл.), сепак како главен и најстабилен извор на приходи за компанијата остануваат кабелските мрежи.
Разликата е што додека во филмскиот бизнис успехот на студијата и кариерите на луѓето зависат од успехот на последниот голем летен филм, во кабелскиот бизнис работите се посмирени и тој гарантира дека кабелските мрежи ќе ја соберат својата претплата без разлика дали ќе имаат хит.
Во конкретниот случај со филмот за Осамениот ренџер, тој заработува пари само од луѓето кои ќе одберат да седнат и да го изгледаат филмот во кино. Меѓутоа ако тој се емитуваше на телевизија, кабелската мрежа ќе заработуваше од сите што плаќаат претплата, без разлика дали седнале пред телевизор да го изгледаат Осамениот ренџер или не.