Секоја вечер точно во 21 часот Кодиспоти мора да биде на тротоарот на улицата Пизани бр. 22. Тој од тука не смее да мрдне до следното утро во 7 часот. Точно во 21:00 проаѓа патрола за да го провери дали е на место.
"Секогаш крадев навечер, затоа судот ми ја даде оваа казна. Бидејќи немам куќа, немаше друго решение: навечер не смеам да мрдам, и морам да останам тука, заглавен на тротоаров," објаснува Касиани.
Неговата казна трае до 13. април 2014. Тој до сега е апсен неколку пати, а има лежено и во затвор, пред да биде пуштен на домашен притвор на тротоар. Кодиспоти неколку пати е апсен и за прекршување на домашниот притвор, бидејќи (како што објаснува тој) го фатиле како преминал на другата страна од улицата заради нужда.
На тротоарот до Кодиспоти е и неговата девојка, која е втор месец трудна од него.