Сумата од 4,4, милиони евра го покрива периодот од јуни 2012-та, до крајот на мај 2013-та, и беше соопштена по барање на членовите на градскиот совет.
Според полицијата околу 800.000 евра од овие пари се исплатени за прекувремена работа. Од лондонската полиција изјавиле и дека тие се уште не побарале надомест на сумата од Министерството за внатрешни работи и дека сега се во почетна фаза од преговорите на темата.
"Бесмислено е дека повеќе од една година полицијата е стационирана пред еквадорската амбасада, чекајќи го Асанж да се обиде да побегне. Во време кога тие ги намалуваат трошоците, како ова може да биде приоритет? Оваа ситуација не може да се дозволи да трае неограничено," изјавила претставничката на Зелената партија во советот на Лондон, Џени Џоунс.
Асанж влезе во амбасадата на 19-ти јуни 2012-та. Од тогаш полицијата е распоредена околу објектот, чекајќи го Асанж да се обиде да избега.