Во интервју за Њујорк Тајмс, уредникот за уметност на британскиот Сандеј Тајмс, Ричард Брукс, објаснува дека целата работа почнува со еден твит на негова колешка, Индија Најт, за книгата на Галбрајт "The Cuckoo's Calling."
Твитот од Индија Најт е:
The book I'm reading (detective nov called The Cuckoo's Call, Robert Galbraith, so good, feat. ghastly cokey v thin Mayfair women) has ++
— India Knight (@indiaknight) July 10, 2013
На ова таа добива одговор од непознат Твитер корисник, @Judecallegari, кој наговестува дека Галбрајт е синоним на Роулинг. Од тогаш, @Judecallegari, ги има избришано своите твитови но остануваат одговорите на Најт:
Се уште не е познато кој точно е Jude Callegari и од каде ги знае овие работи и вистинскиот идентитет на Галбрајт.
По оваа преписка, Брукс започнува со истрага и наскоро открива дека "The Cuckoo's Calling" има иста издавачка куќа, ист уредник и ист агент, како и последната книга на Роулинг, "The Casual Vacancy."
До петокот тој има доволно факти за да се соочи со Роулинг, која во саботата му признава на Сандеј Тајмс дека таа е авторка на спорната книга, изјавувајќи дека "се надевала дека малку подолго ќе ја чувала тајната."