На камерата на Ахмед Самир Асим, била откриена снимка од пукањето пред Офицерскиот клуб, на која во еден момент војникот се врти и стрела кон него. Тука завршува видеото.
"Околу 6 часот човек дојде во редакцијата со камера прекриена со крв и ни рече дека еден од нашите колеги е повреден. Околу еден час подоцна добив информација дека Ахмед е застрелан со снајпер во чело додека снимал или ги фотографирал околните згради. Камерата на Ахмед беше единствената што снимала цело ова време," изјавил уредникот за култура од весникот на Асим.