30.000 затвореници на штрајк со глад

Во она што е на добар пат да стане најмасовниот штрајк со глад во САД, затворениците во 20 од 33-те затвори во Калифорнија вчера го одбија својот прв оброк.

Револтот нема никаква врска или солидарност со Гвантанамо, туку е во знак на протест против "политиките за изолација" на затворениците.

Освен нејадењето, затворениците дента решиле и да не одат на часови и работа. За официјално да се смета за штрајк со глад, тие треба да прескокнат 9 оброци по ред.

Организацијата на протестот доаѓа од Пеликан Беј, еден од најстрогите затвори во САД, каде затворениците бараат прекинување на праксата на затворање во самица на недоредено време за сите оние кои се осомничени дека се членови на банди и одбиваат да го отфрлат своето членство.

Во исто време се појавија и вестите дека затворските власти во Калифорнија стерилизирале над 100 затворенички без дозвола од државата.

9 јули 2013 - 11:04