На листата на топ 10 компании што најмногу трошат на реклами во САД, најбројни се производителите на автомобили (3 производители кои вкупно трошат 2,7 милијарди долари годишно) и телекомите (3 телекоми кои вкупно трошат 3,8 милијарди долари годишно).
Тојота на 6-то место е единствена азиска компанија меѓу првите 10, а Т-мобиле на 8-то е единствена европска компанија што ја има во Топ 10.
Од технолошките компании Епл со 662 милиони долари е на 12-то место, Самсунг со 597 милиони долари е на 15-то, а Микрософт со 493 милиони долари е на 21-во. Гугл воопшто го нема меѓу првите 25.
Најмногу пари на реклами во САД има потрошено АТ&Т, на кои со 1,59 милијарди долари им отпаѓа над 1% од вкупната маркетинг потрошувачка (интернет, тв, радио, принт...) во земјата.
Првите 10 компании на списокот составен од агенцијата Кантар, во 2012-та потрошиле 9,7 милијарди долари.
10. Walmart: 690 милиони долари
9. Macy's: 762 милиони долари
8. T-Mobile: 773 милиони долари
7. Ford: 857 милиони долари
6. Toyota: 879 милиони долари
5. GEICO: 921 милиони долари
4. McDonald's: 957 милиони долари
3. Chevrolet: 958 милиони долари
2. Verizon: 1,43 милијарди долари
1. AT&T: 1,59 милијарди долари