Речиси во истиот момент кога претседателот Морси беше отстранет од власта енергетската криза во земјата почна да се решава, ги снема редовите на бензинските станици, а прекинаа и рестрикциите на струја. Во исто време и полицијата која неколку недели никаде ја немаше, повторно се врати на улиците.
За членовите на Муслиманското братство ваквата пресвртница е знак дека луѓето од времето на Мубарак го саботирале владеењето на Морси.
"Ова беше подготвен државен удар. Различни кругови во земјата, од складишта за гориво до возилата кои го транспортираат горивото до бензинските станици, сите учествуваат во креирањето на кризата," изјавил за Њујорк Тајмс портпарол на администрацијата на Морси.