45-годишниот Жоао Мариа де Суза бил убиен во својот кревет кога преку кров му паднала крава врз него.
Куќата на несреќниот де Суза е залепена за рид на кој пасела кравата. Животното се качило на кровот од куќата и паднало директно врз брачниот кревет во кој била и сопругата на де Соуза. Кравата го смачкала него, а жената останала неповредена.
Ова било трет случај како крави пропаѓаат низ кровови на куќи во околината на градот Картагина.
На сосема друга страна на светот во петокот 35-годишен Израелец бил итно однесен во болница откако змија излегла од ВЦ шолјата на која седел и го гризнала за пенисот.
"Повредениот маж осетил силна болка додека го користел тоалетот на своите родители во северниот израелски град Нофит. Во еден момент, мажот погледнал надолу и ја видел змијата во ВЦ шолјата. Тој потоа избегал од собата во страв и повикал брза помош," пишува Тајмс оф Израел.
Излегло дека змијата не била отровна, меѓутоа докторите од Рамбам медицинскиот центар во Хаифа одлучиле дека треба дополнително да го тестираат мажот. Според нив несомнено "во областа" ќе останат лузни од гризот.