"Приватен концерт на Eagles, на пример чини 6 милиони долари, додека Стонси би ти свиреле за 4 милиони долари. За Кардашијани да ти дојдат на отворање или забава чини по 30.000 долари од Кардашијан. Ашер би ве чинел 1 милиони долари, додека Ферги ќе ви биде гостин за 50.000. Чарли Шин се појавува за 250.000 долари.
Ова се само парите што ним им се исплаќаат како хонорар, додека на ова треба да се додадат трошоците за лимузина, приватен авион, луксузен апартман и богати оброци," пишува Кети Валдман за Слејт.
Иако има ѕвезди кои никогаш не се појавиле некаде заради пари (Џони Деп, Том Круз), сепак за мнозинството овие аранжмани се преставуваат добра заработувачка за релативно малку труд и потрошено време.
"Одредени ѕвезди имаат однесување од типот 'Сакам да одам во оваа странска држава,' или 'Зошто да не запознам шеик?' Ова е профитабилно, безболно е и забавно," објаснува Мајк Естерман, ЦЕО-то на агенцијата за букирање на ѕвезди Esterman.com, која организира околу над 270 вакви настани годишно.
Единствен проблем во ова е кога домаќинот е некој деспот со генерално ужасно однесување кон својот народ. Ваква ситуација имаше Џенифер Лопез заради неодамнешното гостување во Туркменистан. Хилари Сванк слично мина кога прифати 500.000 долари за да гостува на роденденот на чеченскиот воен лидер Разман Кадиров, кој е поврзан со воени злосторства. За неколку недели, Сванк го отпушти својот агент и ПР агенцијата. Претходно Мараја Кери, Нели Фуртадо, 50 Cent и Бијонсе, гостуваа на роденденот на Гадафи, а Хулио Иглесијас има настапувано за диктаторот на Екваторијална Гвинеја.