Одејќи еден чекор повеќе од едноставно крадење на податоци од кредитна картичка, видеото го покажува комплетниот процес на крадење на туѓ идентитет.
Жртвата прво го додава непознатиот човек за пријател на Фејсбук, потоа наседнува на "фишинг" меил лажно пратен во име на неговата банка. Тука од него се бара да потврди некои податоци, по што тие веќе ги имаат сите информации за него потребни да ја испразнат неговата сметка.
Меѓутоа, наместо ова тие решаваат да го преземат неговиот живот, учејќи ги неговите навики и пријатели преку Фејсбук. Освен што прават резервации во негово име и нарачуваат од интернет, тие се поздравуваат со негови пријатели, потпишуваат налози за испорака, за на крај и да се разминат со него.
Видеото е дел од кампањата на Safeinternetbanking.be за намалување на бројот на интернет измами.