Агенцијата за економски развој откако не успеала да добие гаранција од консултантите дека вирусите на нивните компјутери се исчистени наредила физичко уништување на целиот хардвер.
Тие почнале со уништување на:
- заразените машини
- машини на кои никогаш немало вирус
- принтерите
- камерите
- тастатурите
- и маусите
(да, и последниве четири биле уништени под претпоставка дека се заразени со вирус)
Целиот масакр ги чинел даночните обврзници 2,7 милиони долари. Од овие пари 823.000 долари заработил консултант кој требало да ги провери компјутерите и да даде совет; 1,061 милиони долари биле за привремената инфраструктура која била поставена додека старата се уништувала; 4.300 долари биле за уништување на опрема вредна 170.000 долари; и 688.000 долари им било платено на консултанти за помош во развивање на долгорочен одговор од вакви напади. Комплетното враќање на статусот пред инцидентот траело речиси една година.
Втората агенција (National Oceanic and Atmospheric Administration) проблемот го решила во рок од неколку недели.