Како изгледа присилното хранење во живо

Од 100-те затвореници во Гвантанамо кои штрајкуваат со глад, над 40 секој ден се присилно хранети за да не умрат. Целата процедура не е ниту најмалку пријатна. Јасин Беј (а.к.а. Мос Деф) сам се пријави да го мине целиот процес пред камери.

Беј 4-минутното видео го прави во соработка со организацијата за човекови права Reprive.

Во "хранењето" затвореникот прво го врзуваат за столица (раце, нозе, глава), по што му се става цевче прво во едната, а потоа и во другата ноздра. Целиот процес во реални услови во затворот во Гвантанамо трае околу 2 часа и се спроведува два пати на ден.

8 јули 2013 - 15:00